Лекот Favipiravir достапен и во земјава

32

Агенцијата за лекови и медицински средства одобри увоз и достапност лекот на favipiravir за крајните корисници – пациентите.

“Сакаме да укажеме дека пациентите ќе можат да го обезбедат лекот само врз основа на рецепт и по препорака на лекар. Лекот favipiravir не е одобрен за индикација на лечење на Ковид-19, па во таа насока апелираме и ги замолуваме пациентите да не го користат овој лек по сопствено убедување, без препорака од лекар“, апелираат од Агенцијата за лекови и медицински средства.

Правилната и рационална употреба на сите лекови е во интерес на заштита на здравјето. Затоа пред да земете лек, задолжително консултирајте се со Вашиот лекар кој најдобро ќе ве упати на начинот на користење и употребата на лекот.

Фото: Freepik