Лекот за подолг живот е насекаде околу нас

276

Научниците заклучиле дека културата треба да биде достапна за сите, а во Англија ова важи со години, со оглед дека влезот во државните музеи е бесплатен. 

Честите посети на театар, музеј или уметничка галерија можат да помогнат во продолжување на животниот век, според студија спроведена од University College London (UCL).

Истражувањето е објавено во British Medical Journal, со кое се потврдува влијанието на уметноста врз животниот век на една личност. Всушност, колку повеќе култура апсорбирате, толку е помала веројатноста да го напуштите овој свет.

Студијата предводена од д-р Дејси Фанкур од UCL открила дека луѓето кои честопати се вклучени во културни активности  имаат 31% помал ризик од рана смрт отколку оние кои никогаш не “консумирале“ културна понуда. Дури и оние што еднаш или двапати годишно оделе во музеи или театри се 14% подобри од оние што воопшто не оделе.

Фото: Pexels