Леман под истрага, нова драма за акционерите на Credit Suisse

41

Акционерите на швајцарската банка Credit Suisse доживуваат нова агонија.
Акциите паднаа на ново рекордно ниско ниво во вторникот по објавата дека швајцарскиот финансиски регулатор (Финма) ги истражува наводните погрешни изјави на извршниот директор Аксел Леман.

Во интервју за Bloomberg на почетокот на декември, непосредно пред докапитализацијата, Леман тврдеше дека одливот на средства на клиентите престанал, што не е точно. Во целиот последен квартал од минатата година, клиентите повлекле дури 111 милијарди франци од банката, прнесува СееБиз.

Цената на акцијата осцилира речиси десет отсто надолу, на 2,52 франци. Минатата година финансиската јавност беше шокирана од високата загуба на банката (од 1,59 милијарди франци во вториот квартал), што беше и резултат на прекумерната изложеност на пропаднатиот инвестициски фонд Archegos Capital Management.