LEMURO – леќи што го претвораат телефонот во камера

25

Фото: Kickstarter

LEMURO е уред со којшто камерата од телефонот се претвора во професионален фото апарат.

Овој производ е составен од  4 различни леќи и заштитна маска за iPhone X, iPhone 7/8 или iPhone 7plus/8plus,  во зависност од телефонот на корисникот.

Четирите различни објективи, односно леќи се: микро објектив, широкоаголен објектив, теле објектив и fisheye објектив. Леќата се прикачува на самата маска на телефонот, којашто е достапна во 5 бои, сјајна црвена, кафена, црна, портокалова и сјајно црна.

Производот е дело на старт-ап со седиште во Штутгард, Германија и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 28.964 долари од потребните 11.694 долари, а кампањата трае уште 17 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во ноември годинава.