Lenovo претстави лаптоп со проѕирен екран

20

Кинескиот технолошки гигант Lenovo претстави прототип на нов лаптоп со проѕирен екран на „Mobile World Congress“ (MWC) во Барселона.

Лаптопот има таканаречен trackpad, со тастатура која е чувствителна на допир и пенкало за цртање или навигација, јавува CNN.

Компанијата ги демонстрираше можностите на лаптопот со поставување на вештачки сончоглед зад екранот, а камерата вградена во уредот можеше да го идентификува објектот како сончоглед и да обезбеди информации за него користејќи технологија за вештачка интелигенција (AI).

Според претставникот на Lenovo, новиот лаптоп би можел да се користи и при дизајнирање.

Светскиот конгрес за мобилни телефони во Барселона се одржува од 26-ти до 29-ти февруари и е еден од најголемите самити од ваков вид во светот, според веб-страницата MWC.