Лет “до никаде“ продаден за само 2,5 минути

40

Авиокомпанијата Qantas нуди нов лет до никаде што ќе им даде можност на австралиските патници ентузијасти да го набљудуваат целосното затемнување на Месечината од висина од 12.000 метри.

И овој “лет до никаде“ се распродаде за рекордно време, за само 2,5 минути.

Цената на билетот за оваа необична дестинација за економска класа е 386 долари, а за бизнис класата 1.160 долари.

Авиокомпанијата ветува прилично спектакуларен поглед на Месечината, имајќи предвид дека соработува со астрономот Ванеса Мос за дизајнирање на најдобрата орбита, која самата ќе биде на летот за да ги забавува патниците со факти и сознанија за затемнувањето на Месечината што ќе се случи на 26 мај.

Целосното затемнување на Месечината треба да биде видливо од Австралија, Нов Зеланд, некои пацифички територии и западниот брег на САД.

Иако е опасно да се следи затемнувањето на Сонцето директно, сосема е безбедно да се восхитувате на затемнувањето на Месечината.

За овој лет, кој ќе трае три часа, избран е Boeing 787 Dreamliner, бидејќи е идеален за ваков вид патувања поради големите прозорци.

Фото: Freepik