Лет со луксузен балон за 75.000 долари

38

world-view-balloon-7

Американска компанија нуди патување со балон на хелиум и спектакуларен поглед на Земјата од 30 километри височина.

Компанијата World View Enterprises со седиште во Аризона, во изјава вели дека патувањето ќе чини 75.000 долари и патниците за таа цена ќе лебдат два часа во луксузниот балон – капсула кој собира осуммина. На крај капсулата ќе се одвои од балонот и ќе се спушти на Земјата лебдејќи со падобран.

World-View-Enterprises-capsule-600x350

“Патниците ќе имаа ретка можност да ја видат длабочината на вселената, сјајноста на ѕвездите и тенкиот вел атмосфера што ја обвиткува нашата планета”, се додава во изјавата од компанијата.

Технички гледано, вселената започнува на висина од 100 километри. Од таа височина па нагоре, аеродинамични летови не се возможни поради тоа што нема атмосфера.

high-altitude-balloon-600x337

Летовите се закажани да започнат за три години.