Летечкиот автомобил на Airbus ќе полета до крајот на годината

48

erbas

Групацијата Airbus планира до крајот на годинава да го тестира прототипот за автономниот летечки автомобил, пишува Reuters.

Одделот на Ербас, наречен Urban Air Mobility, работи на развивање на летечко автономно такси со можност за вертикално полетување и слетување. Според извршниот директор, Том Ендерс, првиот примерок на ова возило би требало да полета до крајот на оваа година.

Целта на компанијата е да се развие мрежа на овие возила, коишто ќе може да бидат повикани преку апликација.

“Моментално проектот е во експериментална фаза, а на развојот се пристапува многу сериозно. Пред еден век, урбаниот превоз отиде под земја, сега имаме технолошко ниво што ни овозможува превоз над земјата“, вели тој.

Со новиот облик на урбан транспорт, исто така, ќе се внимава и на животната околина.