Летен камп за милијардери

Водечки луѓе од најголемите технолошки гиганти, медиумски могули и останати моќници оваа година повторно ќе се соберат во Сончевата долина во Ајдахо.

Откако минатата година самитот беше откажан поради пандемијата, оваа година ќе биде одржан по четврти јули во Сончевата долина. Овој настан на којшто нема влез без покана ќе опфати панел дискусии, бројни состаноци на моќници од ИТ индустријата, како активности поврзани со јавање, рафтинг, возење велосипед и слично.

Alen & Co. инвестициона банка што го организира самитот уште не дала официјално соопштение за овогодинешниот настан, но бројни медиуми откриле дека сепак ќе биде организиран, пренесува Business Insider.

Меѓу гостите оваа година најверојатно ќе се најдат: Џеф Безос, Тим Кук, Марк Цукерберг, Шерил Сендберг, Сатја Надела, Рид Хастинг, Тед Сарандос, Боб Чапек, Дејвид Заслав…

Конференцијата во Сончевата долина, колку и да е ексклузивна, позната е по лежерниот дрес код на извршните директори и богаташи, поради што го доби и прекарот “летен камп за милијардери“.

На овој камп се случиле и разговори за огромни зделки чија вредност е и по неколку милијарди долари. Пред осум години, првиот човек на Amazon, Џеф Безос ја изненади светската јавност објавувајќи дека го купува Washington Post за 250 милиони долари. Безос тогаш се сретнал на ручек со Доналд Грахам, претставник на весникот, во Сончевата долина. Една од најголемите аквизиции во 2015 година е договорена токму на истото место. Една година претходно директорите на Aol и Verizon се сретнале на заеднички ручек во текот на оваа конференција, што се резултираше со продажба на Aol на Verizon за 4,4 милијарди долари.

Фото: Freepik