Летна Outlet промоција во Мебел – Ви

34

LetenOUTLETMebelVi 2

Мебел – Ви и оваа година традиционално го организира големиот летен Outlet во своите продажни центри, стои во соопштението.

Традиционалната летна Outlet промоција оваа година започна на 15-ти јуни и трае уште само една недела, до 06.07.2016 година.

Промоцијата опфаќа голем број на производи од сите категории, со попусти до 50%. Можностите на избор на производи, дезени и материјали никогаш не биле поголеми.

Од Мебел – Ви ги повикуваат сите заинтересирани клиенти да ги посетат нивните седум салони низ Mакедонија и да бидат дел од летната промоција.

Овој настан е можност и купувачите да се запознаат со новата колекција на плочест мебел на Мебел – Ви. Станува збор за колекција изработена и дизајнирана во една од најдобрите и најголеми компании за производство на мебел во Европа, компанијата Форте од Полска.