Телекомуникацискиот оператор Близу од оваа недела го збогати своето портфолио со уште една летна понуда: освен атрактивните цени на своите пакети, сите нови корисници на пакетите со три услуги кои ќе потпишат договор на 24 месеци, ја имаат можноста да добијат WiFi рутер (безжичен уред) на подарок.
Новата понуда на операторот е најава за засилените летни промотивни активности и е активирана паралелно со актуелната понуда за дигитализација, која вклучува пакети со нaјголем број дигитални канали и бесплатен дигитален приемник на користење. За постоечките аналогни корисници, цената за дигитализација е само 50 денари месечно. Во склоп на телевизиските пакети, корисниците користат бесплатен дигитален приемник.
Близу е оператор кој на телекомуникацискиот пазар нуди пакети со три услуги (дигитална телевизија до 130 дигитални и 8 HD канали, неограничен интернет со брзини до 50 Mbps и телефонија со неограничени бесплатни разговори), кои се на специјални промоции во тековниот период.