Хотелот Grand Hyatt Playa del Carmen во Мексико е дизајниран од страна на славниот мексикански архитект Сордо Маделано, а изграден е од разни природни елементи.
Ресортот меѓу другото е опремен со уникатни уметнички дела, а располага со 314 соби и апартмани со природно осветлен амбиент.
Освен луксузните погодности, хотелот нуди вкусни врвни морски специјалитети, приватна плажа со бел песок, спортски активности, забава во ноќни клубови, фитнес центар и неверојатен базен со поглед на океанот.