Туркиш Ерлајнс закажа и пушти во продажба летови меѓу Истанбул и Охрид за летната сезона 2025 година, откако претходно аплицираше за субвенции од државава, објави порталот „Екс ју авијација“.
Летовите ќе започнат на 27 март, четири пати неделно, во понеделник, четврток, петок и недела.
Авиолинијата за поврзување на Охрид и Истанбул е една од шесте нови дестинации најавени по последниот повик за субвенции од Влaдата. Од Охридскиот аеродром ќе има лет и за Милхаус, а од скопскиот аеродром кон Барселона, Дубаи, Лион и Штутгарт.
Согласно критериумите, финансиската подршка е во висина од 9 евра по патник во доаѓање за патници превезени до „Меѓународен аеродром Скопје“ и 12 евра по патник во доаѓање за патници превезени до аеродромот „Св. Апостол Павле“– Охрид.