Levi Strauss ќе го тужи Kenzo за копирање на заштитниот знак

50

Фото:Pixabay

Levi Strauss ја тужи реномираната француска модна куќа Kenzo за копирање на заштитниот знак, малата етиката што Levi Strauss ја користи со децении на своите фармерки објави Reuters.

Од Levi Strauss сметаат дека Kenzo со поставување на сличен заштитен знак на џебовите од своите панталони, предизвикува непроценлива и ненадоместилва штета, а воедно и ги доведува во заблуда купците.

Американската компанија тврди дека тие се изумители на етикетата што ја користат уште од 1936 година и токму со неа обезбедиле децениска препознатливост на своите производи.

Kenzo ги игнорирал сите коментари и апели за прекин на копирање и бара судска разврска на случајот.

Во меѓувреме, Levi Strauss на сите можни начини се обидува да ги надомести досегашните загуби, а истовремено и да гo запре Kenzo и во иднина да ја користи етикетата.