Технолошката компанија LG објави тизер за целосно нов концепт на мобилен телефон, што оваа година ќе биде претставен на World IT Show 2014 во Јужна Кореја.
Засега не се познати многу детали за уредот, освен неговото име и епитетот кој LG го користи за телефонот – персонален и променлив. Името на телефонот е Aка, а ќе има панел во повеќе бои што ќе може да се промени. На панелот има анимирани очи кои покажуваат различно расположение.
LG тврди дека секој телефон “избира“ расположение на основа на тоа како се користи, како и на основа на апликациите, музиката и слични функции.
LG Aka во Јужна Кореја се очекува да пристигне во текот на следниот месец, а не се очекува лансирање надвор од азискиот пазар.