Во мај годинава се појавија информации дека компанијата LG сака да се врати на пазарот на таблети кон краот на 2013 година.
Па така, LG најпрво го претстави Optimus Pad кој не се покажа во најдобро светло, по што следуваше повклекување на компанијата од овој пазар.
Но и покрај тоа, LG планира повторно да се пласира на пазарот на таблети со моделот G Pad.
Станува збор за 8.3 инчен таблет со резолуција од 1920 x 1200 пиксели, квад кор процесор и RAM меморија од 2GB.
Податоци во врска со процесорот не се објавени, но се претпоставува дека ќе биде Snapdragon, a во план се и SIM и WiFi верзија.
Прогнозите се дека G Pad ќе биде исклучително тенок, слично како смартфонот G2 и нема да има пенкалце, пренесуваат агенциите.