LG тастатура што може да се намота во ролна

21

1

Јужнокорејската компанија LG Electronics ќе ја претстави првата цврста безжична преносна тастатура што може да се намота во ролна на саемот IFA што од 4 до 9 септември ќе се одржи во Берлин, Германија. За разлика од останатите преносни тастатури што се на пазарот, Rolly Keyboard KBB-700 има четири превои и може да се намота и да се носи дури и во џеб.

2

Тастатурата може да се закачи на паметни телефони и на таблети, стои во соопштението објавено на интернет страната на компанијата. На тастатурата ќе биде можно да се приклучат два уреда истовремено.

Тастатурата најпрво ќе се појави на пазарот во САД во септември, потоа во Европа, Латинска Америка и Азија во последниот квартал. Цените ќе бидат објавени локално кога ќе бидат пуштени на пазарот.