Liam, робот што ги одвојува вредните материјали од iPhone

41

liam

Фото: YouTube Screenshot

Liam е робот на Apple што ги одвојува вредните елементи од iPhone за да може повторно да се употребат. Роботот може да одвои еден iPhone 6 за само 11 секунди, пишува Business Insider.

Производната линија на Liam моментално работи во Калифорнија и Холандија, а еден Liam систем може да расклопи 1,2 милиони iPhone уреди за една година.

На секои 10.000 телефони што Liam ги раздвојува се собираат: 190 килограми алуминиум, 80 килограми бакар, 0,13 килограми злато, 0,70 килограми сребро, 5,5 килограми калај и 2,4 килограми ретки елементи.