Liana – апликација што ги поврзува иселениците и патниците од целиот свет

43

1

Liana е бесплатна апликација за мобилни телефони којашто иселениците и патниците ги поврзува со нивните сонародници, без оглед на кој крај од светот се наоѓаат, пишува Телеграм.хр.

Овој сервис за запознавање на луѓето им овозможува при престој во странска земја, за само неколку секунди да ја надминат јазичната бариера и да се поврзат со лица од околината со кои можат полесно да комуницираат.

Во светот постојат околу 250 милиони иселеници и околу една милијарда патници, а многу од нив сакаат на едноставен начин да воспостават контакт со лица од исто говорно подрачје или за размена на информации и корисни искуства или само за дружење.

2

Liana се користи во многу земји од Блискиот Исток и САД, во коишто има голем број иселеници.

Идејата за Liana, на основачот Крешимир Дрвар, му дошла за време на престој во Америка кога на бизнис конференција во Невада му пришол Русин, сметајќи го за пријател само затоа што се и двајцата од словенско говорно подрачје.

“Потребата за нешто вакво дефинитивно ми се потврди кога во Америка доживеав сообраќајна несреќа. Снаоѓањето со тамошните прописи, полицијата и кому да се обратам за помош, ми беше неспоредливо едноставно да можев да стапам во контакт со некој од хрватските иселеници. Меѓу другото, од лично искуство знам дека ним секогаш им мило кога ќе се видат со некој од својата татковина“, додава Крешимир.

Тој додава дека Liana се користи во 174 земји во светот, а просечното време на користење на апликацијата е шест минути. Дневно се бележат од 20 до 30 корисници.