Либија ќе го зголеми производството на нафта на 1,4 милиони барели дневно

84

Владата на национално единство во Либија го најави започнувањето на реализацијата на националниот план за развој на секторот за нафта и гас, со цел зголемување на дневното производство на нафта во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).

Премиерот Абдул Хамид ал-Дбеибех присуствуваше на церемонијата на објавување на започнувањето на планот за развој на секторот за нафта и гас.

Ал-Дбеибех рече дека дневното производство на нафта ќе се зголеми на милион и 400 илјади барели во 2022 година, а таа количина дополнително ќе се зголеми во наредните години.

Тој потсети и дека е формирана Комисија за планирање на развојот на Националната нафтена корпорација во 2022 година.

Тој додаде дека Комисијата препорачала на институцијата да и се доделат буџетски средства за да се подобри финансиската состојба на вработените во секторот и да се исполнат наталожените обврски.

Либиската нафтена корпорација во соопштението од февруари соопшти дека дневното производство на нафта во земјата изнесува 1.200.000 барели.