Лидерска дилема – фокусирање на резултатите или на вработените?

123

prasalnici-pixabay

Фото: Pixabay

Во едно истражување направено во 2009 година, со кое биле опфатени 60.000 испитаници, две лидерски особини се покажале најбитни во однос на тоа како вработените го перцепираат својот претпоставен.

Со цел да се истражи како особините на еден лидер влијаат на перцепцијата на вработените, во смисла која особина според нив го прави лидерот успешен, биле анализирани две главни карактеристики, фокусираноста на резултатите и на социјалните вештини.

Фокусираноста на резултатите комбинира силни аналитички вештини со изразена мотивација за напредување и решавање проблеми. Но, ако тоа е единствената особина која лидерот ја поседува, само 14% од испитаниците сметаат дека токму тоа го чини лидерот успешен.

Социјалните вештини пак комбинираат атрибути како што се комуникација и емпатија. Како и во претходниот случај, доколку тоа е единствената карактеристика која лидерот ја поседува, само 12% од испитаниците сметаат дека тој/таа е успешен лидер.

Затоа пак оние лидери кои ги поседуваат и двете горенаведени особини, за 72% од испитаниците се успешни и пожелни како претпоставени.

Лидерите кои поседуваат изразени социјални вештини успешно влијаат на аналитичките особини на членовите од тимот. Често зад она што го перцепираме како проблем поврзан со извршување на одредени задачи, се крие всушност проблем во комуникацијата помеѓу вработените. Според тоа, лидерите со изразени социјални вештини многу полесно ќе можат да воочат и решат проблеми од ваков тип на работното место.

Но, реалноста е сосема поинаква. Дејвид Рок, директор на институтот Neuroleadership, спроведе истражување според кое процентот на лидери кои ги имаат и двете особини (фокусирност на резултатите и на социјални вештини) е за жал само 1.

Причината за ова е што човечкиот мозок многу тешко ги обединува аналитичките и друштените вештини.

Она што е навистина интересно е што тие два принципа функционираат како еден вид клацкалка, или колку поактивни се деловите на мозокот кои вршат аналитичко размислување, толку помалку делуваат оние за социјалните вештини, и обратно.

Иако секогаш постојат исклучоци, еден начин на размилсување обично го отежнува фокусирањето на друг тип на размислување. Тоа е причината поради која лидерите кои се аналитички насочени и фокусирани на резултати тешко ќе препознаат кога изворот на проблемите лежи во корпоративната култура и комуникација.

Исто така, аналитичките лидери многу почесто напредуваат на повисоки позиции што во крајна линија значи дека на вработените претпоставени им се луѓе на кои им недостигаат социјални вештини.

Решение? Пред се, за време на селекцијата при вработувањето и при унапредувањето, треба да се обрне внимание на социјалните вештини. Треба да се создава корпоративна култура која еднакво ги наградува двата пристапа кон лидерството. На крајот на краиштата, можеби ќе биде возможно да се тренираат социјалните вештини со текот на времето.