Лидл доаѓа на Косово, почна регрутирањето за идните супермаркети

216

Германскиот малопродажен синџир Лидл почнува да вработува персонал за своите идни продавници во Косово, изјави претставник на косовската агенција за човечки ресурси Headhunter Group.

„Новите позиции за вработување за малопродажните локации на Лидл сега се отворени“, рече менаџерот за вработување во The Headhunter Group, локалниот партнер за регрутирање работна сила на Лидл, во објава на социјалните мрежи во средата, пренесува Инвеститор.ме.

Лидл се обврза да отвори продавници на мало во Косово минатата година во јуни, по состанокот со локалните производители на храна и пијалоци, потсетува SeeNews.

Трговецот на мало е регистриран во Косовскиот деловен регистар под името Лидл Косова ДОО.

Лидл најави и отворање на првите продавници во Црна Гора, но поради проблеми со наоѓање локации неизвесно е кога тоа ќе се случи. Лидл Црна Гора претходно отвори неколку позиции во Црна Гора.