Lidl ќе отвори најмалку пет маркети оваа година во Бугарија

291

Фото: Lidl.com

Германскиот трговски синџир Lidl планира да отвори најмалку пет маркети оваа година во Бугарија, пишува Mediapool.bg.

Фокусот, како што се наведува, ќе биде ставен на големите и крајбрежните градови на Црното море.

Пред неколку дена беше отворен 94-от маркет од синџирот продавници на Lidl во Бугарија.

“Плановите за 2019 година се амбициозни, исто како што беа и за 2018 година, кога отворивме седум нови маркети. Со новото проширување на продажната мрежа оваа година планираме да понудиме удобни локации за купување на жителите во централните области и периферијата на големите градови, како и можност поголем број луѓе од брегот на Црното море да имаат пристап до нашите производи со оптимална вредност за парите“, изјави Милена Драгиска, извршен директор на Lidl за Бугарија.

Освен што планира отворање на нови, Lidl ја продолжува програмата за реновирање на постојните маркети. Целта на компанијата е модернизација, поголема удобност и подобра енергетска ефикасност.

Lidl е најголемиот синџир за храна во Европа, а е присутен во 30 држави. Во Бугарија започна со работа во 2010 година, а денес има 94 продавници во 46 градови во земјата и вработува речиси 2.700 лица.