Лидл ќе отвори неколку маркети во Скопје и во седум други градови

436

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција информираше дека германскиот ланец маркети Лидл ќе инвестира 300 милиони евра во Македонија и ќе има обврска да откупува македонски производи и да ги продава во регионот.

“Лидл ќе вложи 300 милиони евра во Скопје. Првата инвестиција ќе биде во откупно-дистрибутивниот центар во Скопје. Ќе отвори и неколку маркети во Скопје и уште во седум други градови“, рече Заев.

Премиерот нагласи дека ланецот ќе одбира и земјоделски и кондиторски производи кои ќе ги продава во своите маркети на другите пазари од регионот.

“Лидл ќе има обврска да откупува земјоделски и кондиторски производи, се разбира кои што се компетитивни и да ги продава во своите ланци низ Југоисточна Европа“, рече тој.

Фото: Facebook