Lidl отвора 15 продавници во Србија

27

lidl kesi

Сè е подготвено германски Lidl конечно да почне да работи во Србија, вели министерот за трговија, туризам и телекомуникации, Расим Љајиќ, за српски Блиц.

Тој смета дека доаѓањето на Lidl на српскиот пазар поволно ќе влијае на малопродажните цени, но и на квалитетот на понудата во земјата. Според министерот, искуствата од другите земји покажуваат дека цените во Lidl се и до 30% пониски.

“Lidl досега има 12 локации во Србија, а е во преговори со уште неколку единици на локалната самоуправа за купување на земјиште. Нивната бизнис пракса во земјите од регионот е трговските објекти да ги отворат откако ќе откупат минимум 15 локации“, вели Љајиќ.