Lidl влегува во Македонија

3296

Германскиот трговски синџир Lidl ја регистрираше својата компанија во Македонија, а ќе биде управувана од бугарската филијала. Една од најголемите компании во малопродажбата во светот во петокот ја регистрираше подружницата Лидл Северна Македонија ДООЕЛ со седиште во скопски Центар и со паричен влог од 500.000 евра, објави вчера Централен регистар, пренесува Фактор.мк.

Сопственик е германската матична компанија ВЕ-Интернационал Цвајте ГмбХ од Некарзулм, но субјектот специјализиран за трговија на мало претежно со храна, пијалаци и тутун ќе биде управуван од Софија, од бизнисмените Милена Емилова Драгијска, Бисер Борисов Инчовски и Љубомир Манолов Хрсев. Според описот на нивните надлежности и ограничувања, Lidl планира да вложи над 10 милиони евра во продавница и да купи земјиште поголемо од 10.000 квадратни метри.

Lidl во моментов има маркети во 29 земји во Европа и во САД. Синџирот поседува повеќе од 10.000 супермаркети во речиси сите земји членки на ЕУ, како и во Србија и Велика Британија. Последната голема експанзија на компанијата беше во 2018 година во соседна Србија, каде досега се отворени 41 маркет. Во регионот, освен Северна Македонија, Lidl нема уште и во Албанија, Косово и Црна Гора.

Фото: Pixabay