Lidl воведува промена затоа што клиентите штедат премногу?

254

Дисконтите и супермаркетите веќе не продаваат само намирници. Алатките, украсните предмети и облеката ги полнат полиците, но Лидл следната година би требало да изгледа поинаку.

Лидл не само што продава прехранбени и дрогериски артикли, туку и разни стоки од т.н.непрехранбена област. Тоа вклучува понекогаш неделни променливи зделки за алати, облека, куќни производи и електроника, кои исто така може да се најдат во онлајн асортиманот на дисконтот.

Сепак, Лидл ќе отстрани некои артикли од својот асортиман до крајот на годината. И тоа индиректно благодарение на клиентите, пренесува списанието Fenix.

Непрехрнбената понуда  е навистина профитабилна за гигантот со попусти. Освен свежите пекари во продавниците, делот за намирници е еден од особено профитабилните продажни места, иако во последно време има проблеми. Прво тоа беа нарушените синџири на снабдување и последователните големи проблеми со испораката, а сега станува збор за штедливи клиенти.

Затоа што бизнисот со артикли чии цени се повисоки од 20 евра пропадна во изминатите неколку недели и месеци. Дисконтот се сомнева дека зад ова стои стравот од постојано зголемување на трошоците за енергија – клиентите стануваат се поштедливи.

Ова е причината зошто Лидл нарача значително помалку производи од непрехранбениот сектор за 2023 година.