Life 360 – апликација за лоцирање на членовите од семејството

37

life360

Life 360 е апликација што им овозможува на членовите на семејството да знаат каде се наоѓа секој од нив. Корисниците добиваат известување, на пример, кога некој од нивните блиски оди или се враќа од работа.

За три години, оваа апликација ја користат 100 милиони корисници, односно 45 милиони семејства. Главната цел на Life 360 е за организирање семејни вечери, собирање на децата од вонучилишните активности и лоцирање на некој член од семејството.

Зад оваа апликација стои компанијата на Крис Хулс, кој не сака неговата апликација да ја нарекуваат “апликација за следење“.

Она што ја прави апликацијата посебно атрактивна е големата количина на податоци што ги собира. Компанијата оствари партнерство со компанијата Nest, која се занимава со производство на паметни уреди за домаќинство. На пример, заедно работеа на паметен термостат, при што Life 360 нудеше информации за тоа кога некој член од семејството се враќа дома од своето работно место.

Апликацијата Life 360 е формирана во 2008 година, а почетната идеја била поврзување на членови од семејството во итни случаи. Во првата година од постоењето, апликацијата привлекла само 5.000 корисници. Но, нештата почнале да се менуваат во 2011 година кога Apple овозможи користење на апликации за следење.