LifeArk – монтажни бараки што спасуваат животи во случај на поплава

131

12-lifeark-community-water_amazon

Фото: LifeArk

LifeArk е систем на монтажни бараки коишто брзо се поставуваат на вода или копно во случај на поплава. Овие домови можат да спасат многу животи, односно се повеќе од потребни на места каде често се случуваат поплави. Благодарение на иновативните HDPE материјали и начинот на производство, бараките LifeArk се спојуваат лесно за неколку часа како да се LEGO коцки.

Како што вели архитектот Чарлс Ви, во интервју за Inhabitat, идејата за ова доаѓа од желбата да им се помогне на луѓето кои живеат во подрачја подложни на вакви природни катастрофи. Така, Ви составил тим од експерти и инженери со цел да им излезе во пресрет на луѓето погодени од поплави.

Деловите на LifeArk се префабрикувани со помош на посебна ротациона технологија, а а да се создаде една барака ќе бидат потребни од 20 до 24 модули. Откако ќе бидат поврзани модулите, истите ќе се праќаат во друга фабрика каде ќе им се додадат дополнителни елементи: кујна, сончеви панели и слично. Големината на една барака ќе изнесува 60 метри квадратни и штом ќе бидат испорачани на означената локација ќе можат да се постават за два часа.

По четиригодишно истражување, следната пролет тимот ќе го престави првиот прототип. Три или четири бараки ќе бидат префабрикувани во Калифорнија и инсталирани на езеро близу Далас, Тексас. Ви и неговиот тим планираат да ги продаваат LifeArk и во градови и организации коишто бараат ефикасно решение за бездомници.