Лифт што спасува животи, а работи без струја

52

lift

Фото: Youtube

Nerigo е систем за евакуација, направен во Јужна Кореа, што може да спаси многу животи во случај да избие пожар во станбена зграда.

Лифтот се поставува на терасите од зградите и станарите преку него може безбедно и брзо да се евакуираат во случај на пожар или други непредвидливи ситуации, пишува GCR.

Nerigo лифтот работи без струја и функционира благодарение на хидраулика и земјина тежа. Потребно е само да се застане на платформата, по што лифтот ќе почне да се спушта.