„Лимак“, која гради и во Скопје, рангирана меѓу најдобрите градежни компании во светот за 2021 година

373

„Лимак“, компанијата која го гради комплексот „Diamond of Skopje“ во центарот на Скопје, е рангирана на 56 место на листата на 250 најдобри градежни компании во светот за 2021 година, што ја подготвува Engineering News Records (ENR). Листата на ENR е глобално позната и ги рангира најголемите градежни компании во светот според нивните градежни активности на странски пазари.

Ова е второ последователно искачување на „Лимак“ на ENR листата на 250 најдобри градежни компании. Минатата година „Лимак“ беше рангирана на 61 место, а како резултат на големите достигнувања на глобално ниво, во 2021 „Лимак“ бележи раст за шест места, искачувајќи се на 56 место.

Куртхан Апајдин, главен извршен директор на „Лимак Скопје“, по овој повод истакна: „Ова е охрабрувачко признание. Тоа е потврда дека „Лимак“ е една од најдобрите градежни компании во светот, но и потврда за континуираното подобрување на квалитетот на нашата работа. Високите стандарди се суштествен дел од деловната култура на „Лимак“ и тие се применуваат и во изградбата на комплексот „Diamond of Skopje“, кој ќе понуди нова димензија во урбаното живеење“.

Групацијата „Лимак“ во земјава инвестира 250 милиони евра во изградба на мултифункционалниот комплекс „Diamond of Skopje“. Во рамки на комплексот кој ќе се простира на површина од 325.000 метри квадратни, ќе има трговски центар, резиденцијални објекти, паркинг простор, како и подземна сообраќајница. Дел од комплексот „Diamond of Skopje“ е и хотелот „Limak Skopje Luxury Hotel“, кој веќе започна со работа.

При изградба на комплексот се води сметка и за еколошкиот аспект. Имајќи предвид дека „Diamond of Skopje“ е сместен во централното градско подрачје, во комплексот ќе има зелена површина на околу 11.000 метри квадратни, втор по големина зелен појас во Скопје, веднаш по Градскиот парк. Тоа ќе им овозможи простор за спорт и рекреација на жителите на „Diamond of Skopje“ во урбана средина, задоволувајќи ги потребите на современиот начин на живот.

Групацијата „Лимак“ со своите деловни активности е присутна во повеќе од 17 земји во светот, со повеќе од 60.000 вработени кои работат во неколку сектори: градежништво, енергетика, туризам, инфраструктура и други дејности. Во портфолиото на „Лимак“ се и светски познати мега проекти, како новиот аеродром во Истанбул (Istanbul Grand Airport), мостот Дарданели (Чанак кале) 1915, кој ќе биде најдолг висечки мост во светот по неговото завршување, меѓународниот аеродром во Кувајт, браната Јусуф ели, трета по големина во светот откако ќе биде изградена, како и многу други.