Според кинескиот хороскоп, 2014 година е година на Коњот. Познатата куќа за изработка на накит Swarovski одлучи да го прослави тоа со изработка на посебна едиција на коњ од црн кристал.
Лимитираната едиција од 888 парчиња ја дизајнираше Хајнц Табертсхофер, а коњот чини 8.025 долари. Овој црн пастув ја симболизира силата и слободата каква што всушност имаат коњите.
Секој пастув доаѓа со потписот на дизајнерот Хајнц Табертсхофер и логото на брендот со посебен број, за клиентите да бидат сигурни дека имаат еден лимитиран примерок.