LinkedIn ја презема компанијата Bizo

22

linkedin i bizo

Социјалната мрежа LinkedIn ја презема компанијата Bizo со цел да ја зајакне својата понуда на маркетинг решенија. Оваа компанија развива сопствена платформа за маркетинг, пишува хрватскиот портал Bug.hr.

Производите на Bizo ја мерат ефикасноста на спроведените маркетинг кампањи за одредени целни групи, а LinkedIn планира во својата понуда да вклучи и производи за спонзорирани содржини и огласување.

LinkedIn ќе ги почитува постоечките договори со клиентите на Bizo, но не планира повеќе да нуди услуги за надворешни компании.

Вкупно 90% од 175 милиони долари, LinkedIn ќе ги плати во готовина на сметката на Bizo, додека останатите 10% ќе ги плати како акции во компанијата.