Линзи Торес, најмладата милијардерка во Америка

41

Линзи Торес е намладата милијардерка во Америка. Триесет годишната Торес е сопственичка и претседател на ланецот сендвичари In-N-Out Burger, кој според последните проценки вреди 1,1 милијарда долари.

article-2273389-1758E546000005DC-941_636x797Младата Американка го наследи бизнисот, основан од нејзините баба и дедо, Хери и Естер Снајдер во далечната 1948 година. По смртта на Хери во 1976, еден од неговите синови Рич застана на чело на бизнисот.

n-out

Рич почина во авионска несреќа на 41 годишна возраст, па таткото на Линзи Хери, Гај Снајдер го превзеде бизнисот во свои раце, во 1993 година. По смртта на Гај во 1999 година од предозираност со лекови, водството на In-N-Out Burger и припадна на Естер, бабата на Линзи. Таа го контролираше бизнисот се до нејзината смрт во 2006 година.

n-out-burger_0

Денес оваа фаст фуд империја брои 280 продажни места во пет држави во САД, а Линзи го има приматот врз истата, како единствен наследник. Таа стана сопственик на половина од финансиите од In-N-Out Burger, минатата година на својот 30-ти роденден, додека другата половина од компанијата ќе ја стекне кога ќе наполни 35 години.

article-0-17581ECE000005DC-896_638x477

Торес нема универзитетска диплома, а ова и трет брак по ред. Младата милијардерка не сака да се експонира во јавноста и многу ретко дава интервјуа. Освен тоа што е единствен наследник и сопственик на In-N-Out Burger, Линзи поседува и куќа во Калифорнија, вредна 17,4 милиони долари, која се простира на површина од 16.600 метри квадратни. Луксузната куќа има 7 спални соби, 16 бањи и секаков вид на удобности за подобар живот.

article-0-17588636000005DC-303_638x368

Покрај бизнисот со брза храна, Торес ужива во трки со автомобили и учествува во натпревари. Понекогаш вози Plymouth Barracuda, модел од 70-тите или Chevrolet Camaro oд 1984 година.