Lisca лани со добивка од 1,7 милиони евра

73

liscaГрупата Lisca, која произведува женска долна облека и костими за капење, минатата година остварила 29,2 милиони евра приход, што е 10% повеќе во однос на 2012 година.

Минатогодишната добивка изнесува 1,7 милиони евра, а добивката пред оданочувањето нешто помалку од четири милиони евра.

Lisca на словенечкот пазар продава петтина од своите производи и има 25 свои и франшизни продажни објекти. Повеќето свои производи ги продава на пазарите во земјите од регионот, но и на пазарите во Европа, како Италија, Германија, Холандија, Русија, Чешка, Турција.