Фото: Pixabay
Business Insider направи анкета меѓу 20-тина институционални инвеститори да именуваат старт – ап компании за кои се очекува да доживеат бум оваа година. Меѓу листата од 57 стартапи, подредени по азбучен ред, ќе направиме краток осврт на првите 10 од нив:
AdQuick – место на коешто се продава и купува рекламен простор на отворено
Alma – co- working простор за терапевти
Applied Intuition – софтвер за симулација на возење на автономни автомобили
AppZen – користи вештачка интелигенција за автоматска ревизија на извештаи, фактури и договори на компании во реално време
Arrive Logistics – логистичка компанија што ги поврзува превозниците со корисниците на нивните услуги
Arterys – софтвер за медицинско снимање со помош на вештачка интелигенција како услуга во облак.
Atrium – поврзува правна компанија со технолошки старт – ап. Користи софтвер што може да се справи со правни документи и им помага на адвокати кои работат на сложени правни прашања.
Benchling – алатка за научници и истражувачи од повеќе области.
Boulder care – долгорочна поддршка за луѓе кои надминуваат зависност од опијати.
Bowery – урбани фарми во коишто се одгледуваат растенија без прскање, а се под целосен надзор од посебен софтвер.