Literatura.mk Superstore ја почнува новата приказна во „Ист гејт мол” со подарок книга за секоја купена книга

321

Новата книжарница Literatura.mk Superstore и кафе-барот Café Literatura на 29 октомври (петок) ја почнаа својата нова приказна, во рамките на најголемиот центар за шопинг, култура и забава во регионот – „Ист гејт мол” (East Gate Mall). Во новата суперпродавница на „Литература.мк” и кафулето, кои се сместени на првиот кат, на вкупна површина од 550 квадратни метри, се застапени светските книжарски трендови и најдоброто кафе во градот. Во првиот викенд од отворањето на книжарницата (29-31 октомври) со секоја купена книга следува подарок книга.

Во Literatura.mk Superstore може да се најде голем избор од белетристиката, книжевноста за деца и стручната литература, на македонски, албански, англиски, германски и на француски јазик. Во продажниот простор има богата понуда на дизајнерски производи за домот, како и квалитетен избор на канцелариски и училиштен материјал, школски прибор, дидактички и едукативни и изданија, но и помагала за уметност и дизајн, како и селектирана гифт-програма и луксузни подароци.
Ова е осма книжарница на „Литература.мк”, по Literatura.mk Superstore во „Скопје сити мол”, како и добро познатите продажни места на улицата „Македонија”, во ТЦ „Рамстор”, „Веро центар”, Градски трговски центар (ГТЦ) и ТЦ „Буњаковец” во Скопје и на „Широк сокак” во Битола.

Со површина од над 200 квадратни метри, ова е најголемиот локал на книжевното кафуле „Café Literatura”. Станува збор за трета локација, по кафе-баровите во Literatura.mk Superstore (во „Скопје сити мол”) и во „Литература.мк” во ТЦ „Буњаковец”. „Café Literatura” е архитектонски модерно дизајниран простор, осмислен за релаксација и споделување на убави моменти, каде што може да се испие добро кафе и да се прочита убава книга од богатата понуда на „Литература.мк”. Кафулето е конципирано и како простор за промоции и за одржување на разни културни настани, книжевни средби, концерти, бизнис-презентации и снимања. Во него е застапено едно од најдобрите кафиња кај нас, „Кафе Италија” (Café Italia), како и различни видови коктели и смути, топли напитоци, безалкохолни пијалаци, избрани брендови алкохол и селекција на квалитетни вина.