Во Белизе, Централна Америка, се наоѓа еден од најубавите летни ресорти. Она што го прави различен од другите е тоа што е сместен на мал приватен остров, што нуди потполна приватност. Ресортот вклучува една главна вила со голем дневен простор, канцеларија, бар и кујна.
Во вилата има пет спални соби коишто гледаат накај надворешниот базен. Ресортот нуди консиерж услуга достапна во секое време и за секоја потреба.
Цената за седум ноќи е 14.500 долари.