Литванија им забрани на руските граѓани да купуваат недвижен имот во таа земја

Парламентот на Литванија денеска одлучи да им забрани на руските граѓани да купуваат недвижен имот во оваа балтичка земја, поради ризикот за националната безбедност, објави Ројтерс.

Забраната, која ќе важи до 2024 година, нема да важи за Русите кои добиле право на престој во таа земја.

Литванскиот парламент исто така престана да издава нови визи за граѓаните на Русија и Белорусија.

Бројни граѓани на овие две земји на кои им се издадени визи ќе бидат подложени на „детални индивидуални проверки“ на границата за да се утврди дали тие претставуваат закана за националната безбедност, соопшти агенцијата.

Кога во март беше воведен нацрт-законот за забрана за купување недвижен имот за руските граѓани, заменик-министерот за надворешни работи Јургита Нелиупсиен рече дека „огромното мнозинство руски граѓани поддржуваат агресивни воени дејства и не прават ништо за да ја запрат агресијата, затоа, тие се исто така одговорни.