Љубљанскиот аеродром наскоро оди на продажба. Неофицијално се дознава дека за купување на овој аеродром заинтересирани се венецискиот, франкфуртскиот, варшавскиот и виенскиот аеродром, како и кинеската компанија South China Airlines. Вредноста на акциите на аеродромот за една година порасна од 12 на 22 евра.
Управата на аеродромот сака одлуката за изградба на 57 милиони евра вредниот терминал да ја донесат сегашните сопственици на Главното собрание на 16 септември, пишува словенечки Финанце, пренесува Пословни дневник. Управата смета дека треба што поскоро да се изгради нов терминал, затоа што сегашниот е застарен, не пружа доволно комфор, ниту можност за заработка, затоа што во него нема продавници како на многу други терминали. Мнозински сопственик на Аеродром Љубљана е државата, која засега нема гласачко право. Право на глас имаат малите акционери, кои повеќето се против изградба на новиот терминал.