Local Motors: 3D печатен автомобил што може да го менува изгледот

18

local motors 3d pecaten avtomobil

Американската автомобилска компанија Local Motors би можела да прерасне во прва фабрика за производство на 3D печатени автомобили, пишува Psfk.

Во иднина Local Motors на своите клиенти, според најавите, ќе им овозможат физички да ги надградат своите автомобили преку посебна програма за рециклирање.

local_motors

Основата на автомобилот од пластика и карбонски влакна може да се отстрани, да се промени патосот и кровот на возилото и да се надгради во понов модел или во поинаков стил. Новите делови ќе се постават на шасијата и автомобилот е подготвен за возење.