Лондон и Анкара ќе потпишат договор за слободна трговија

131

Велика Британија и Турција денеска ќе потпишат договор за слободна трговија, соопшти Министерството за трговија на Обединетото Кралство, прв откако премиерот Борис Џонсон обезбеди нов трговски договор со Европската унија, пренесува Daily Sabah.

Двете земји ќе потпишат договор со кој се потврдуваат постојните трговски услови меѓу Анкара и Лондон, а британската министерка за трговија Лиз Трус рече дека се надева дека наскоро ќе биде постигнат посебен трговски договор.

“Договорот што очекуваме да го потпишеме оваа недела содржи договори за бесцаринска трговија и ќе помогне во одржување на нашите трговски односи. Ова ќе обезбеди сигурност за илјадници работни места во Велика Британија во производствената, автомобилската и челичната индустрија“, вели Трус.

Фото: Freepik