Лондон ја добива првата пловна соларна електрана

54

plovna solarna elektrana

Британската престолнина ќе добие соларна електрана на вода, којашто е голема колку осум фудбалски игралишта, пишува Telegraph.

Соларната електрана, што се наоѓа во близина на аеродромот Хитроу, се протега на површина од 57.000 метри квадратни и плови по реката Темза.

Таа е изградена од 23.046 соларни панели, коишто генерираат 5,8 милиони киловат часови првата година, што е доволно за напојување со електрична енергија на 1.800 домови.

“Соларните панели работат оптимално и на пониска температура. Водата по којашто пловат ги лади, со што се зголемува нивната ефикасност“, вели Ник Бојл, главен извршен директор на компанијата Lightsource, којашто стои зад конструкцијата на електраната.

Оваа пловна соларна електрана нема да биде приклучена на енергетската мрежа, туку само ќе ја напојува со струја локалната фабрика за вода, обезбедувајќи 20% од нејзините енергетски потреби.