Лондончани се враќаат во центарот на градот

15

Жителите на Лондон се враќаат во центарот на градот по една година откако ја одбегнуваа британската престолнина поради пандемијата. Многумина ја напуштаа градската средина, го избегнуваа градскиот живот во Лондон за да се заштитат, а сега полека се враќаат во животот во градот, пренесува Bloomberg.

Прегледите на недвижнини во центарот на Лондон во април се зголемија за 46% во однос на истиот период пред две години, бидејќи жителите сакале да ги искористат ниските цени.

“Генерално, се чувствува дека центарот на Лондон е на праг пред ново отворање. Гледаме дека сè повеќе луѓе пребаруваат недвижнини во централното подрачје“, вели Дејвид Фел, аналитичар за недвижнини.

Во текот на пандемијата, во големите градови беше забележан тренд на напуштање на урбаните средини, па луѓето повеќе се фокусираа кон недвижнини на периферија на градовите.

Иако работите полека се враќаат во контрола, експертите сепак сметаат дека враќање на нивото од пред пандемијата ќе биде долготраен процес.

Фото: Pexels