Ако патувањето во културно разновидни дестинации е на списокот што треба да направите оваа година, Lonely Planet направи листа на топ 10 земји кои вреди да се посетат. Бутан се најде на врвот на листата на земји на кои треба да се посетат во 2020 година, Англија е на второто место, а Северна Македонија на третото место.
Бутан: Ќе биде уште поубаво!
Многу држави тврдат дека го нудат вистинскиот “Шангри-Ла“, но на Бутан најдобро му оди. Хималајскиот рај има стриктна туристичка политика со која секој турист мора да плати дневна карта за да ужива во прекрасните предели. Веќе е првата држава во светот која воопшто не загадува, а до 2020 година Кралството ќе биде и првата целосно органска држава. Значи, ќе станува само поубаво!
Англија: Пешачење во ветровитиот рај
Некогашната прва линија на одбрана од освојувачи, денес е место за уживање. Прошетка низ ветровитиот брег, откривање на морски животни во карпите, барање фосилни остатоци, набљудување на делфини, се само дел од активностите кои ги нуди англиското крајбрежје.
Северна Македонија: За секого по нешто
Северна Македонија е трета на листата на земји кои треба да се посетат. Lonely Planet ја претставува земјата како препородена по надминување на спорот со Грција околу името. Веќе е позната по својата гастрономија, антички традиции и природа, но нуди многу новини за љубителите на културата и авантуристите. Новите директни летови до Охрид само го олеснуваат уживањето.
Аруба: Повеќе од егзотични плажи и море
Островот којшто се наоѓа во близина на брегот на Венецуела, освен со егзотичниот туризам, се наметнува и со амбициозните напори за одржливост. Островот се нуди како поле за тестирање на решенија за обновлива енергија на други земји и планира забрана за користење пластика и заштита на коралите. Со понудата на ново, автентично и евтино сместување, Аруба е многу повеќе од песочни плажи и прекрасно море.
еСватини: Мир и спокојство
Малечко, пријатно и полно со култура, авантура и легендарен див свет. Јужноафриканската мини држава која стана позната по тоа што го смени името од Свазиленд во еСватини, е една од најретко посетуваните држави. Новиот меѓународен аеродром и подобрената патна инфраструктура треба да го сменат тоа. Неверојатните пејзажи со своите паркови и резервати ви нудат ретко виден мир и спокојство.
Коста Рика: Чист живот
Коста Рика веќе е на светскиот врв во одржливиот туризам. Нејзините граѓани ја разбраа важноста од зачувување на природата и на секој начин се обидуваат да живеат во хармонија со соседите – од мравки до јагуари. 99% од енергијата во земјата се добива од обновливи извори, и е на чекор до неутралност во однос на јаглерод диоксид. Водечката фраза гласи “чист живот“ или pura vida.
Следат: Холандија, Либерија, Мароко и Уругвај
Во годината што одбележува 75 години слобода од крајот на Втората светска војна, Холандија е подготвена да слави со настани низ целата земја. Оваа година Холандија е домаќин на евровизискиот натпревар. Со мрежа од над 35.000 километри велосипедски патеки може да ги истражувате атракциите надвор од градовите и откриете богатството на природата што оваа земја го има.
За повеќето, Либерија е малку мистерија. Но, во оваа земја постојат идилични плажи, тука е Националниот парк Сапо, густите шуми…
Мароко е земја, богата со контрасти, изненадувања, зачудувачки спомени од автентичните медини и сочувани градски улички. Мароко, како земја со невообичаено разновидна природа и незаборавни глетки, ќе ги изненади оние кои се доволно храбри да ја откријат вистинската природа, далеку од поплочените патеки. Пунта дел Диабло, Пунта дел Есте, Ла Палома и Малдонадо се најголемите градови со плажи меѓутоа целиот источен брег на Уругвај нуди бескрајни дестинации со плажи.
Фото: Pexels