Лоша вест за пазарите во развој – S&P ја намали нивната прогноза за раст за оваа и следната година

56

Меѓународната рејтинг агенција „Стандард и Пурс“ (S&P) ја намали прогнозата за раст на пазарите во развој поради економските последици од војната меѓу Русија и Украина, објави агенцијата во најновиот извештај, јавува Anadolu Agency (AA).

По зголемувањето на цените на енергијата и слабеењето на условите за трговија и финансирање, агенцијата ја намали прогнозата за раст на реалниот бруто домашен производ (БДП) на пазарите во развој на 4 отсто оваа година и 4,3 отсто во 2023 година.

Бројката за 2022 година во претходната прогноза беше 4,8 отсто, а за следната година 4,4 отсто.

„Шестте најголеми латиноамерикански економии ќе пораснат за 1,7 отсто оваа година, што претставува надолна ревизија од претходната прогноза на S&P од 2 отсто“, се вели во извештајот.