Лоши очекувања на германските компании и за 2024 година

34

Германските компании, кои со месеци се борат со висока инфлација, флуктуации на цените на енергијата и геополитичка нестабилност, се прилично песимисти во врска со 2024 година и не очекуваат закрепнување, покажа истражувањето на германскиот институт што го виде во понеделникот Ројтерс.
Според истражувањето спроведено од германскиот економски институт (IW) од Келн меѓу повеќе од 2.200 компании, само 23 отсто од нив изразиле оптимизам за претстојната година, додека 35 отсто имале негативни очекувања. Особено е влошена состојбата во градежниот и индустрискиот сектор, констатира институтот.

Долгиот период на отворање нови работни места во Германија засега веројатно дојде до крајот, само 20 отсто од компаниите очекуваат да вработат повеќе луѓе во следната година, наспроти 35 отсто кои очекуваат помалку вработувања, според IW.

Истражувањето сигнализираше „продолжување на економскиот шок во Германија“, а деловните очекувања се вратија на нивоата забележани во есента 2022 година.