Лоши вести за најмоќната светска економија

60

Американската економија повторно забележа пад во последните три месеци, што неофицијално сигнализира почеток на рецесија.

Министерството за трговија во четвртокот соопшти дека бруто домашниот производ (БДП) паднал со годишна стапка од 0,9 отсто во вториот квартал, откако паднал со годишна стапка од 1,6 отсто во првите три месеци.

 

 

Лошата вест ќе биде голем удар за администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден. Претставниците на Белата куќа се обидоа да ги отфрлат говорите за рецесија, тврдејќи дека многу делови од економијата остануваат силни, пишува „Гардијан“.

Стапката на раст е во значителна спротивност со силниот годишен пораст на БДП од 6,9 отсто забележан во последниот квартал од 2021 година, кога економијата се опоравуваше од коронавирусот.

Две четвртини негативен раст на БДП нашироко се смета за сигнал дека економијата влегла во рецесија.