„Лошо го водев бизнисот, но никого не измамив“: Директорот на FTX има ново барање

89

Адвокатите на основачот на банкарската крипто берза FTX, Сем Бeнкмен-Фрид, поднесоа барање за отфрлање на обвиненијата за измама на американската влада против него.

Адвокатите на Бeнкмен-Фрид рекоа дека владата не успеала правилно да објасни какво престапување направил поранешниот извршен директор на банкротираната крипто берза. Тие го повикаа судијата да ги отфрли повеќето од обвиненијата против него, кои вклучуваат измама и поткуп.

Бенкман-Фрид се изјасни за невин по 13 точки од обвинението.

Обвинителите тврдат дека Бeнкмен-Фрид украл депозити од клиенти на FTX за да ги финансира ризичните позиции на неговиот хеџ-фонд, Alameda Research, и дека тој, исто така, ги префрлил парите на американските политичари.

FTX беше една од најпочитуваните и најпознатите крипто платформи пред да банкротира во ноември.

Владата има рок од две недели да одговори на наводите на адвокатот на Бенкман-Фрид, а судијата следното рочиште го закажа за 15 јуни, кога се очекува Бенкман-Фрид да се врати во судот.

Инаку, 31-годишниот Бенкман-Фрид е во домашен притвор со кауција од 250 милиони долари. Тој го чека судењето во домот на неговите родители во Пало Алто, Калифорнија. Бенкман-Фрид призна дека лошо управувал со својот бизнис, но негираше дека учествувал во измамата.

Тројца од поранешните деловни партнери на Бeнкмен-Фрид – Гери Ванг, Керолин Елисон и Нишад Синг – се изјаснија за виновни за повеќе обвиненија и соработуваат со истражителите.

Доколку биде осуден по сите точки, може да се соочи со повеќе од 155 години затвор. Судењето е закажано за октомври.