Louis Vuitton за три години отвора 1.500 нови работни места

28

Модниот бренд Louis Vuitton планира да отвори околу 1.500 нови работни места во Франција во текот на следните три години, пред сè поради ширење на нови пазари, како што е кинескиот, јавува Bloomberg.

Индустријата на луксузни производи е ретка светла точка во Франција кога станува збор за вработување, бидејќи земјата се соочува со намалена невработеност. Потрошувачите од Кина се очекува да ја зголемат вкупната побарувачка на производите од брендот за околу 20%.

Овој моден бренд во Франција вработува околу 4.300 луѓе во 16 работилници за обработка на кожа.

Фото: Pixabay